ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Макрадули повеќе сакаат да си дремнат или да си поиграат игри наместо да решаваат проблеми

Од:

„СДСМ пушта лажни соопштенија со цел да ја прикрие незаинтересираноста на Шилегов и Макрадули за справување со загадениот воздух.

Вчера Петре Шилегов и Јани Макрадули кои за огромната плата што ја добиваат токму од народот повеќе сакаат да си дремнат или да си поиграат игри наместо да решаваат проблеми.

Заев, Шилегов и Макрадули пред изборите ветуваа итни краткорочни, но и долгорочни мерки со кои ќе се намали загадувањето. Но откако дојдоа на власт, спроведоа само една единствена мерка „Исклучување на мерни станици“.

И додека граѓаните се гушат во загаден воздух, СДСМ покажуваат дека се незаинтересирани и неспособни да го намалат загадувањето. Повеќе пари се издвојуваат за луксузирање отколку на мерки и борба против аерозагадувањето во државата и во главниот град.

Народот не заслужува ваква власт која не се грижи за нивните животи. СДСМ мора што поскоро да си замине за да може да се решаваат проблемите на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот