ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење дрва, загаденоста урива рекорди

Од:

„Болниците се преполни со пациенти со респираторни заболувања, а последиците од загадениот воздух се повеќе ги чувствуваат и децата и возрасните. Единствен спас граѓаните гледаат во затварање во сопствените домови.

Владата на Зоран Заев 6 месеци нема превземено ниту еден суштински чекор за прочистување на воздухот.

Наместо почист воздух, нивото на загаденоста урива рекорди. Цели градови се гушат во смог, а ветувањата на СДС доживуваат фијаско.

Експертите апелираат дека по одредено време на изложеност на загаден воздух, штетата по организмот е огромна, а загадувањето најмногу се одразува врз кардиоваскуларниот систем, предизвикувајќи низа заболувања.

Наместо да се справуваат со загадувањето, градоначалниците на СДС тргнаа со контрамерки. Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10 честичките, загадено е низ цела Македонија, вчера особено алармантно беше во Тетово, изнесуваше 120 мг/м3. Додека во Карпош изнесуваше 106 мг/м3, а во Кавадарци 101 мг/м3.

Згора на тоа СДС се дрзна да го укине и Ден на дрвото. Преку оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници.

Граѓаните врз сопственото здравје почнаа да ги чувствуваат лагите и манипулациите на владата на СДС. На Заев му е побитно да продава евтин популизам отколку да реализира реални мерки со кои ќе се подобри живеењето на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела