„Шилегов е повторувач и препишувач, нема свои проекти и ги копира и се фали со тие на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови Шилегов ги копира проектите на Данела и половично ги презема презентирајќи ги како свои. Но Шилегов не застана тука, туку почна да презентира и проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализирало како свои“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
„Подземната сообраќајница кај Јужен Булевар во која Шилегов се слика, а е дел од обврската која ја презема „Лимак“, како надомест за изградба на станбено деловен комплекс над истата е проект на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски кои го договорија проектот.
Шилегов вчера се фалеше и со турбо кружниот тек кај Момин поток, кој е презентиран од Коце Трајановски во 2017 година, а за кој е оставена и целосна документација.
Жално за Скопје е што Шилегов и после 4 години мандат нема направено ништо па мора да се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ.
Веднаш по изборите и промената на градската власт, повторно ќе продолжат делата и проектите, како во Скопје, така и во сите општини низ Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
