ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да одговори како со чиновничка плата дојде до цела зграда среде Скопје, луксузна викендица во Маврово и 4 стана

Од:

„Шилегов да одговори како со чиновничка плата дојде до цела зграда среде Скопје, луксузна викендица во Маврово и 4 стана. Петре Шилегов не направи ништо за Скопје, но затоа за себе си направи куќа во Маврово од над 300м2“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов нема ниту еден проект по кој ќе го паметат. Но затоа ќе го паметат како градоначалник кој од функција си заминал со две куќи и четири стана на својот имотен лист.

Како со 60тина илјади денари плата месечно Шилегов успеа да направи куќа во Маврово од 300 м2 и да си ја реновира куќата во Карпош? Само од плата Шилегов не земал повеќе од 50.000 евра за 4 години, тоа не е доволно ниту за куќата во Маврово, а за реновирање на луксузната куќа во Карпош не станува ниту збор. И сето тоа доколку Шилегов не трошел на ништо друго, па дури ниту на храна.

Кого лаже Шилегов? Скопјани или себе? Време е за одговори. Време е за одговорност. Време е за промени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ