ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска зборува за сиромаштија, а носи облека што чини колку месечните примања на 10 семејства од Петровец

Од:

„Лицемерната Шекеринска вчера ги посетила граѓаните на Петровец каде се надеваме дека не им го плукала лебот, како пред некое време при посетата во Куманово.

Шекеринска без срам и перде им зборувала за сиромаштија, а на себе носела капут и гардероба која чини колку месечните примања на десетина семејства од Петровец.

Веројатно кога им говорела за субвенциите на земјоделците им објаснила како успеала да стекне 5 станови и притоа сама на себе да си наплаќа кирија по 5000 евра месечно, за само еден од становите, а на ист начин ги издавала и другите.

Кога им говорела за борбата против невработеноста сигурно ги потсетила на лажното ветување кое таа и СДСМ им го даваа во 2002 година дека ќе вработат по еден член од секое семејство, а оставија рекордна невработеност од над 39%.

Кога зборувала за нееднаквоста сигурно им кажувала на граѓаните како ја стекнала јахтата во Грција која чини колку половина од возниот парк на жителите на Петровец.

Кога им ветувала на граѓаните на Петровец подобар живот, Радмила Шекеринска, сигурно им го открила рецептот како може да се стекнат 5 станови, како да се наплаќа кирија сам на себе по 5 000 евра месечно, како да се стекнат луксузни вили во Маврово, станови во Охрид и јахти во Грција. Притоа ако била искрена  Шекеринска  веројатно ќе им открила на граѓаните во Петровец дали тоа се постигнува со бомбона бизниси или со поддршка на криминалната приватизација од деведесетите.

Ете ова е лицемерието на богаташите од СДСМ кои говорат за средна класа и сиромаштија, а стекнале грдни богатства на грбот на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на посетата на Радмила Шекеринска на Петровец.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ