ВМРО-ДПМНЕ: Сега целата одговорност останува кај Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите порачува дека Зоран Заев свесно ја држеше Република Македонија во заложничка криза, а, како што велат, можеше уште пред три месеци да ја прифати нивната понуда, да ја отфрли тиранската платформа и да заврши кризата.

– Сега целата одговорност останува кај Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека на Заев не може да му се верува поради што будно мора да се следи секој негов преземен чекор.

Заев, се посочува, јавно се обврза дека ја отфрла тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика.

– Заев со своите чекори и постапки, погазување на Устав и Деловник на Собранието покажа дека единствен мотив му е да ги испорача наредбите од наредбодавачите. Ваквото однесување полно со неодговорност, нелегитимитет и деструкција нема иднина. Веќе нема простор за манипулација на граѓаните. Заев на своја кожа ја почувствува истрајноста и упорноста на стотиците илјади граѓани да се изборат за зачувување на државните интереси, за зачувување на унитарноста и отфрлање на секакви платформи, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски