ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС со ДУИ молчеа на сите провокации

Од:

СДС сменија Устав, сменија знаме, сменија име на државата, фашисти прогласија за администратори, дозволија разговори за припадноста на Делчев, Карев, Груев. Седум години со ДУИ молчеа на сите провокации, дивеења и ортачки крадеа, а денес ставија знаме на Македонија чие име го сменија. Ја опљачкаа државата, ги уништија институциите, во модуларната болница под раководство на нивниот лидер Венко Филипче заради наместен тендер изгореа луѓе, уништија се што можеа да уништат. И сега знамиња ставаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот гледа и се му е јасно. За овие лицемери потребна е одговорност пред законот, така само знамето кое го поставуваат ќе ја има вистинската смисла на функционална држава и симбол за држава. Се уште не е до крај јасно дали зад ова стои дилот меѓу СДС и ДУИ направен меѓу претставници на подземјето од двете партии за координирани провокации. Но ќе се испитува се и нема да има милост кон вклучените. Нема да биде како времињата кога СДС ја продаде државата и знамето, кое сега го објавуваат за неколку тендери во дил со ДУИ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година