ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемуваат понижувачките изјави на одредени официјални лица од Бугарија

Од:

„Од ден во ден се повеќе се зголемуваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија.

Јавно и без срам во еден од своите настапи еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција.

МАНУ упорно молчи на вакви суштински прашања, и отвора простор за нови напади и нови омаловажувања од страна.

На ваквите напади каде е во прашање и угледот на државата, Министерството за надворешни работи не реагира, се брани со молк.

Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ.

Последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот Историски Институт во Бугарија беше претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

Претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува МНР да ги осуди изјавите кои го негираат македонскиот идентитет и удираат врз достоинството на македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да има добри односи со сите свои соседи, но без притоа да се задира во националната, јазичната и културната посебност на нашиот народ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус