ВМРО-ДПМНЕ: Се оградуваме од однесувањето на Арсовска и градоначалниците од партијата нема да присуствуваат на нејзините настани

Од:

„Градоначалничката Арсовска денес промовираше проект во општината Гази Баба кој беше поддржан од мнозинството на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, а на кој од неразбирливи причини не беше поканет градоначалникот, Боби Стефковски со чија соработка се работи на проектот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска.

Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски