ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека спрегата помеѓу СДСМ, милионерите и заробеното судство функционира беспрекорно

Од:

„Се докажа дека спрегата помеѓу СДСМ, милионерите и заробеното судство функционира беспрекорно. Каевски е милионер, а тоа го потврдува и неговиот анкетен лист“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„СДСМ треба да и кажат на јавноста дека тужбеното барање на Каевски првостепено беше одбиено како неосновано во целост!
Дарко Каевски да не се радува на пресуди кои не се правосилни и се резултат на притисокот кој власта го врши врз судиите. Фактите говорат дека тој е милионер.

Според анкетниот лист на Каевски, тој поседува над 4 милиони денари депозити во македонските банки.
Како ги стекнал Каевски тие над 4 милиони денари со само триесетина години и не повеќе од 6 години работа како функционер?
4 милиони денари, се пари за кои Каевски треба секој месец во период од 6 години да става на сметка над 60.000 денари, а тоа е цела плата која ја имал како пратеник или директор.

Каевски нема да избега од одговорност, и од потребата да го докаже потеклото на својот имот. Залудна е лажната вест на СДСМ и Каевски затоа што ништо не може да ја победи вистината!

По ослободувањето на институциите тој ќе мора да докаже како се стекнал со милионите на сметка, а пресудите носени под притисок нема да го спасат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ