ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ зацрнува судбини на цели семејства

Од:

„Власта две години ги гази и узурпира, правото, законите и институциите. Зоран Заев и Стево Пендаровски исплашени од се поизвесниот изборен пораз прибегнуваат кон монтирање на политички процеси. Стевче Јакимовски, како и Митко Чавков и останатите припадници на безбедносните сили и граѓани патриоти се жртви на политички монтирани случаи.

СДСМ како на пазар тргуваше со гласовите на пратениците. Заев во негов познат стил ја деградираше правната држава, го погази уставот и законите.

СДСМ зацрнува судбини на цели семејства. Десетици патриоти се осудени на 211 години затвор за дело кое не го извршиле. Осудени се без докази и без аргументи.

Власта направи неправда и со непотизмот кој метастазираше во општеството. Работа има само за децата и роднините на функционерите. Обичните граѓани бегаат од државата и се повеќе се иселуваат.

Неправда е и кога нема откуп на земјоделските производи. Голема неправда е кога земјоделецот кој цела година работел за да на крајот на годината од продажба на родот земе пари за негова егзистенција нема каде да ги продаде земјоделските производи.

Неправда се и сите криминални зделки во четири очи, но и милионски тендери кои ги добиваат фирми непосредно формирани пред да го добијат бизнисот.

Власта за две години генерира само неправда. СДСМ го втурна општеството во хаос. Оваа пракса на незаконие мора да запре. СДСМ мора да си замине од власт, потребна е победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за крај на СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ