ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ вршеше притисок врз судството додека беше на власт

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на опозицијата Петре Шилегов обвинува дека додека СДСМ била на власт им диктирала на судовите и вршела притисок врз судството.

– Во минатото, Петре Шилегов како претседател на Второстепената комисија, кога ќе донел второстепена одлука, како на пример во случајот со Семос, тогаш тоа било закон за судовите. На тој начин СДСМ функционирал и го контролирал судството кога тие беа на власт, се вели во писмената реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека денес судската власт во Република Македонија е целосно самостојна и независна.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски