ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваат се и сешто само за да добијат некој глас повеќе

Од:

Во време на владеењето на владите на Социјалдемократскиот сојуз беше создадена најголемата сиромаштија со несогледиви последици. Граѓаните паметат како беа ограбувани од банките и штедилниците, осиромашувани од државата и бркани од работа од затвораните фирми и фабрики, сето тоа со амин од СДСМ, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Мила Царовска од СДСМ.

Додаваат дека граѓаните паметат дека СДСМ секогаш кога се во опозиција ветуваат се и сешто само за да добијат некој глас повеќе, но и паметат дека никогаш кога се на власт не ги остваруваат своите ветувања.

Во реакцијата истакнуваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано воведува мерки и проекти за поддршка на социјално ранливите категории и лицата со инвалидност, со цел да им го подобри животниот стандард и да ги среди хаотичните состојби кои зад себе ги оставија владите на СДСМ.

Наведуваат дека аргументите се на страна на ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат на зголемувањето на социјалната помош за 61,8 проценти од 2006 година наваму, зголемените пензии за 70,3 проценти, потоа зголемениот паричен надоместок за згрижување деца без родители и родителска грижа кој од јуни 2015 година е повисок за 25 проценти и изнесува помеѓу 8125 и 10.625 денари.

Меѓу аргументите ги посочуваат и овозможената исплата на 8.000 денари за згрижувач на дете подолго од пет години, а не остварил право на пензија.

Го напоменуваат и проектот за отпис на долговите на граѓани од ранливи категории, отворените 49 народни кујни, воведениот условен паричен надоместок, проектот за заштита од енергетска сиромаштија, како и повеќе мерки за лицата кои имаат статус на деца без родители, за слепи лица, додаток за мобилност за лица со 100 проценти телесен инвалидитет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево