ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ успеа државата да ја клекнат на колена, уништија се што допреа

Од:

„Непотизмот и корупцијата станаа заштитен симбол на криминалниот картел на власт.

Со секој изминат ден се потврдува дека на Заев и врхушката околу него не им е целта подобрување на животот на граѓаните, туку безмилосно богатење.

Станува јасно зошто се менуваат закони со кои се ослободуваат од давачки само фирмите на вицепремиерот Кочо Анѓушев или на истите им се даваат милионски тендери. Вицепремиерот доаѓа на функција со долгови од 26 милиони евра кои мора да ги враќа.

Со секој изминат ден станува јасно како Заев вози мотори вредни десетици илјади евра кои ги нема никаде во имотниот лист. Не е проблем фирмите на Заеви да купуваат екстра луксузни мотори кога власта им овозможува да купуваат имоти и компании по багателни цени.

Станува јасно зошто ги нема колоните на млади кои брзаат да се вратат во Македонија. Работните места во земјава се резервирани за децата на функционерите од владината коалиција. Според СДСМ нема подобар кадар за во ЕЛЕМ од ќерката пратеникот, Талат Џафери и советникот во министерството за култура, Мирослав Грчев.

Корупцијата е единствената која расте, додека економијата стагнира. Новите инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија која потона на дното на најкорумпирани земји на листата на меѓународната Транспаренси.

Оваа влада направи измени и прилагоди се во насока на криминално дејствување, елиминирајќи ги контролните механизми за таквите постапки. Една од „реформите“ е укинувањето на советот за јавни набавки, за да се штимаат тендери по желба на власта.

Односот на СДСМ кон институциите и бизнис секторот во Република Македонија, е како во најзаостанатите земји во светот. Патот по кој влада СДСМ ја води државата не води кон подобрување на стандардот и побогата држава.

Голема е цената која ја плаќаат граѓаните за СДСМ да си игра власт во Република Македонија. Државата не е игротека, а граѓаните не се играчки на Зоран Заев. Граѓаните имаат потреби, интереси и цели, кои не можат да ги остварат поради оваа ненародна и корумпирана власт.

Република Македонија е држава во која има политички затвореници по желба на власта, што е главен индикатор дека нема демократијата. Судот исполнува желби на власта и дејствува како да е партиски орган на Заев, а не посебна власт од извршната и законодавната.

Не помина ниту една година, а СДСМ успеа државата да ја клекнат на колена, уништија се што допреа. Правдата во Република Македонија мора да се врати. Затоа СДСМ треба да замине во опозиција каде што и е местото“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците