ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ стана синоним за неработа и хаос

Од:

„СДСМ ја носи државата кон пропаст. Оваа влада не направи ништо за граѓаните цели две години. Наместо подобар живот донесе понижување, промена на име и неуставен закон за двојазичност.

Граѓаните две години не се на листата на приоритети на власта. Две години нема ниту еден инфраструктурен проект, капиталните инвестиции се на рекордно најниско ниво, а она што беше започнато од ВМРО-ДПМНЕ уште не можат да го довршат.

СДСМ стана синоним за неработа и хаос.

Хаос создадоа на секое поле, во земјоделието, образованието, здравството, културата, социјалната грижа, безбедноста и животната средина.

Граѓаните со месеци дишат загаден воздух, а од власта ништо не преземаат. Наместо мерки за почист воздух Заев реши да отиде на луксузно зимување во Германија, а граѓаните тука беа оставени да се гушат во канцероген воздух, во кој имаше концентрација на ПМ10 честички 20 пати над дозволеното.

Болниците секојдневно се полнат со граѓани со срцеви и белодробни проблеми, како последица на загадувањето, а власта е нема.

Црнилата на власта се присутни на секое поле. Државата само тоне и губи. Граѓаните се понижени.

Црнилата мора да си заминат. Зората мора да изгрее. Потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за оваа ненародна власт да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски