А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со нови лаги и манипулации за прикривање на аферите

by А1он23/12/2015 - 17:15184
Share0

Секогаш кога СДСМ се фатени во криминал до гуша, од ракав ја вадат истата стратегија – бегање од одговорност и нови лаги и манипулации за прикривање на аферите, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Наместо да одговори на крајно сериозните обвинувања за случајот „Фабрика за афери“, Спасовски денеска одлучи да настапи како портпарол на Катица Јанева, потврдувајќи ги сите сомнежи кои медиумите деновиве ги објавуваа за поврзаност и координираност меѓу Специјалното јавно обвинителство и СДСМ, се наведува во соопштението.

Спасовски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, и должи на јавноста одговори на многу прашања.

– Зошто Оливер Спасовски е на сликите заедно со криминалците кои работеле во „Фабриката за афери“ на СДСМ? За што разговарал Спасовски со Захир Бекири Чауш и Аднан Сума, прво и трето осомничени во „Фабриката за афери“ на СДСМ? Дали како генерален секретар, Спасовски договорил сопругата на Чауш да биде вработена во партиската фирма Паркинзи на општина Центар од страна на претседателот на ОО на СДСМ, Саша Богдановиќ? Зошто Спасовски бараше истрагата да не се одвива брзо и дали вечерта при приведувањето контактирал со осомничените? Зошто Спасовски барал увид во доказниот материјал?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube

И денешната прес-конференција на Оливер Спасовски, според ВМРО-ДПМНЕ, беше алиби изјава во стилот злосторникот на местото на злосторот.

– Коалицијата на Чаушот и Заев која јавноста ја виде потврдува дека СДСМ соработува со криминална групација, што ги прави еднаква на нив. Целата агенда на СДСМ е еден голем фалсификат. Тие не нудат проекти, програми и мерки, туку нудат фалсификати, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, постојат сериозни индиции дека СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации и основи за сомнение дека нелегално прибавени телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Предраг Петровиќ14/08/2026 - 17:15

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Предраг Петровиќ13/08/2026 - 18:03

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски13/08/2026 - 10:3613/08/2026 - 11:00

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

Катерина Ѓуровски12/08/2026 - 11:07

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 11:2611/08/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

Предраг Петровиќ10/08/2026 - 15:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео