ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Шилегов расипнички ги трошат парите на граѓаните

Од:

„СДСМ и Шилегов немаат никаква идеја за реализација на нови проекти кои ќе бидат дополнителна вредност за Скопје и скопјани. Тие расипнички ги трошат парите на граѓаните. Наместо да изградат нешто ново, тие размислуваат само што да рушат без разлика колку пари ќе ги чини нивната аздисаност граѓаните.

Ниту едно соопштение или бледа партиска реакција не може да го оправда расипништвото на СДСМ и Шилегов.

Шилегов има намера низ Вардар да фрли 8 милиони евра за дислокација на галиите од Вардар.

Шилегов се однесува како парите на скопјани да се негови. Недозволиво е да се одвојуваат 8 милиони евра за дислокација на објекти, а да не се предвидат средства за реконструирање на симболот на град Скопје, Универзалната сала.

СДСМ и Шилегов парите за изградба на Универзалната сала кои беа предвидени со Буџетот за 2017 година со ребалансот ги укинаа и не предвидоа средства во Буџетот за 2018 година, но затоа одвојуваат цели 8 милиони евра за рушење.

СДСМ и Шилегов не работат во корист на граѓаните. СДСМ и Шилегов работат во насока на лечење на комплекси и исполнување на сопствените хирови.

СДСМ ветуваше инвестиции, проекти и развој, наместо тоа граѓаните гледаат како се трошат нивните пари на непотребни работи и рушење“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Ирена Попова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски