ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ секогаш се пазарел со националните интереси

Од:

СДСМ се единствени во Македонија кои се пазарат со националните интереси, затоа Шилегов се обидува да го оттргне срамот на СДСМ од јавно декларираните ставови на партијата, се наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов.

Според партијата, секој знае дека СДСМ го смени знамето и а донесе срамната референца БЈРМ, а Заев изјави дека треба да ја свиткаме кичматата во спорот за името. Воедно се посочува дека, „Зоран Заев на косовска телевизија, пред неколку месеци предложи да се воспостави албанскиот јазик низ цела држава, Љубомир Фрчковски промовираше идеја за поставување Албанец за премиер на државата, а Бранко Геровски, еден од главните советници во СДСМ, во својата колумна сугерираше да се размислува за федерализација на Македонија“.

– Затоа Шилегов се обидува да го оттргне срамот на СДСМ од јавно декларираните ставови на партијата. Но, тргање на срамот не е можно. Не кога СДСМ се пазари со националните интереси на Македонија. На 24 април СДСМ ќе дознае што народот мисли за нивното пазарење со националните интереси, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина