А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од соочување со граѓаните

by А1он20/08/2016 - 16:37125
Share0

Тврдењата на СДСМ дека по завршувањето на рокот за пријавувањето на спорните гласачи, се потврдиле нивните и тезите на опозицијата, дека во Република Македонија има фантомски гласачи, за ВМРО-ДПМНЕ се резултат на стравот од соочувањето со граѓаните на избори, кој, како што велат од партијата, не може да се покрие со нити една нивна лага.

Добивај вести на вибер

Според ВМРО-ДПМНЕ очајно изгледа лицитирањето со бројки, од страна на раководството на СДСМ за бројот на „фантоми”.

– Десет години по ред разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е околу 200.000 гласови и СДСМ многу добро знае дека не ја уживаат поддршката кај граѓаните. Затоа, Заев и Шеќеринска прво се трудеа да ги излажат граѓаните дека имало 500 000 фантоми, па 450 000 фантоми, па 300 000 фантоми. На крај манипулациите од СДСМ се сведоа на 30-тина илјади спорни гласачи главно од 5-та и 6-та ИЕ. Меѓу спорните гласачи на СДСМ со кои Заев се обидуваше да ги оправда изборните порази, се најдоа и: Мирјана Најчевска, Гордан Георгиев, Јани Макрадули, Ерол Ризаов,сестрата на Радмила Шеќеринска и многу други членови на СДСМ, кои според логиката на СДСМ не постојат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.

Целата циркузијада околу фантомите во ,,избирачкиот список”, како што велат од партијата, била со цел да се малтретираат граѓаните со разни процедури во кои тие морале да му докажат на ДИК, според волјата на СДСМ, дека постојат и не се фантоми, за да можат да бидат запишани во Избирачкиот список со што би го оствариле своето уставно право на глас.

– Со приближувањето на изборите, паниката и стравот во редовите на СДСМ се повеќе се зголемуваат. Деструктивната политика која СДСМ ја води целиот овој период, во обид да ја клекне државата на колена, веќе зафаќа патолошка форма. Ваквата деструктивност, која резултира со малтретирање на граѓаните ќе им го донесе 10-тиот изборен пораз во низа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен