ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од фер и демократски избори

Од:

По прес-конференцијата на пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ ги урна позициите на Република Македонија на меѓународен план и во спорот со Грција , а од друга страна со криминалот, корупцијата, грабежите на народни пари и неспособноста ја врати државата назад во времето на криминалната транзиција, наместо да ј доближи кон европските стандарди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според нив, СДСМ се плаши од фер и демократски избори, односно, како што велат, СДСМ се плаши од ефективна борба против криминалот и корупцијата.

„СДСМ се плаши од професионални и независни институции. Одговорност мора да има за референдумскиот фалсификат и за сите криминали на владата на СДСМ. Македонија е пред нова политичка криза како резултат на неспособноста на Заев  и СДСМ. Излез од политичката криза ќе биде прифаќањето на барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку СДСМ навистина сака предвремениизбори , потребно е формирање на техничка пржинска влада, содржински иста онаква каква што имаа СДСМ и Зоран Заев пред изборите во 2016-та година. Одговорност за криминалите на власта мора да има, поради тоа второто барање е ЈО кој ќе е на предлог на опозицијата. Третото барање е формирање на собраниска комисија  која ќе ги разгледа нерегуларностите при референдумскиот процес, за да истите не ни се повторат за време на предизборието и на самиот ден на гласање“, додаваат оттаму.

„Втората опција е Заев и СДСМ веднаш да се откажат од капитулантскиот договор, а потоа да се одржат предвремени парламентарни избори. После изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи создавање на нова обвинителска институција за сузбивање на организираниот криминал и корупција, веднаш по завршување на работата на постојното политизирано јавно обвинителство“, се вели во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка