ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од априлските избори

Од:

Договорот од Пржино ќе се испочитува така како што е потпишан. Нема да дозволиме да биде основа за нови преговори и нови барања на СДСМ со кои би се продлабочила кризата.

Единствената цел на континуираното испорачување на нови барање е бегањето од избори.

Ова го одговори пратеникот Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција како реакција на обвинувањата на СДСМ дека владејачката партија го крши договорот од Пржино.

– Вашите лаги и манипулации не минуваат. Вашиот страв се гледа од Пржино до Клубот на пратеници. Од изборите во април, нема бегање. Од судот на граѓаните, нема бегање, рече Чибишев, посочувајќи дека прес-конференциите на СДСМ како оваа денешната и заканите за емитување незаконски прислушувани материјали се уште еден доказ за паниката во редовите на СДСМ од анкетите кои ги имаат и во партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, како што објави Чибишев, купила простории за седишта на Општинските комитети на партијата во крајно транспарентна и законска постапка каде членовите на партијата би имале елементарни услови за работа.

– За СДСМ е чудно инфраструктурата на партијата да се гради од нула и да се грижи за сопствените ресурси, рече тој.

СДСМ, како што посочи, е партија која наследи огромен имот од поранешниот Сојуз на комунисти на Македонија и до денеска тие користат имот што бил на сите граѓани и не дале никаква сметка ниту понеле некаква одговорност.

Чибишев рече дека СДСМ располага со градежна парцела во строгиот центар на Скопје, на улица „Павел Шатев“ (поранешна Бихачка) со површина од 2.702 м2, со зграда на СДСМ која ја користат како централен штаб, на истата улица со вкупна површина од 1.669 м2, двете по квадратура поголеми од новиот партиски штаб на ВМРО ДПМНЕ, деловен простор во Битола, во Ресен, во Неготино, во Струга, во Кавадарци, во Крива Паланка, во Богданци, во Валандово, во Лозово и во Крушево. Вредноста на недвижниот имот со кој располага СДСМ чини најмалку 5 милиони евра. Го праша Заев кога ќе го врати имотот со кој СДСМ располага, а е граден со пари на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски