ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да го оттргне вниманието од платформата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на изјавата на Роберт Алаѓозовски од СДСМ.

„СДСМ продолжува да ја замајува и манипулира јавноста со прес конференции со кои сакаат да го оттргнат вниманието од актуелната политичка ситуација. Ваквите беспредметни прес конференции нема да му помогнат на СДСМ во обидот да ја спроведат Тиранската Платформа која не доби поддршка од народот на последните избори.

ВМРО-ДПМНЕ бара и СДСМ да има разбирање за волјата на граѓаните и да отстапи од Тиранската Платформа.

Во содржината на Тиранската Платформа има делови кои сериозно водат кон редефинирање на Македонија и нејзино претворање од унитарна и мултиетничка држава, во бинационална држава со тенденција за федерализација.

Доколку СДСМ се грижи за македонската култура прво ќе мора да се заложи за зачувување на нејзината посебност и државност.

Одбивањето на Тиранската Платформа е од суштинско значење за целиот народ и држава. Очекуваме СДСМ да се одважи и јасно и гласно да ја одбие во целост“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус