А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ги оцрни проектите што ги реализираме

by А1он02/11/2016 - 15:47183
Share0

СДСМ се обидува да ги оцрни проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги ветува и редовно ги реализира, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната изјава на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети томографи во Штип, Велес и Битола, томографи ќе има – и има, работат и им служат на здравјето на граѓаните. Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети магнетна резонанца во Битола и Штип, и тоа ќе го исполни. Шилегов може да прошета до Битола и Штип за да се увери и самиот дека медицинската опрема е инсталирана, оперативна и граѓаните и докторите се задоволни, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека се реконструира и Св. Еразмо во Охрид, изграден е ПЕТ центарот, Детската болница во Козле, Гинеколошката клиника, како и други здравствени установи.

– Таму може да ја лоцира и опремата која во вредност од повеќе од 115 милиони евра е досега инсталирана и функционира, исто како што ќе биде и новата најавена во циклусот од 33 милиони евра кои ќе се вложат за таа намена, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:21

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 10:20

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 13:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео