ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се неуверливи и самите се фаќаат во сопствените лаги

Од:

Зоран Заев и СДСМ со секој нов ден продолжуваат со одработување во полза на странските центри преку објавување креирани материјали со кои нанесуваат директна штета на државните интереси и на граѓаните на Македонија, а ваквите панични изјави и прес-конференции како денешната само ја докажуваат неуверливоста на СДСМ и фактот дека самите се фаќаат во сопствените лаги, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Да потсетиме, Заев беше човекот кој јавно и соопшти на јавноста дека македонскиот народ треба да ја свитка кичмата, кој по смс пораки ги информираше другите партиски лидери дека на власт ќе го донесат пријателите од странство и кој на премиерот му потврдил дека креираните материјали му се од странски служби, човек кој јавно се закани кога ќе дојде на власт сите вработени ќе ги замени со членови на СДСМ. Додека Заев и СДСМ го трошат своето време на одработување туѓи сценарија, ВМРО-ДПМНЕ го посветува целото свое внимание на проекти, идеи и предлози што се од полза на реалните потреби на граѓаните и ќе продолжи да работи на подобрување на условите за живот и стандардот во Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петар Шилегов. 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски