ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да оди на избори кои ќе бидат кланица за граѓаните

Од:

ВМРО ДПМНЕ реагира на изјавата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба. Од таму велат дека Заев е осамен во намерата да има избори и дека тие би биле на штета на здравјето на граѓаните.

„Заев е некрофил кој сака да брои жртви наместо гласови за да си ја задржи фотелјата која му обезбедува пари.
СДСМ сака да оди на избори кои ќе бидат кланица за граѓаните, особено повозрасните и хронично болните.

Заев не го есапи здравјето на граѓаните, на Заев му е единствено битно да продолжи да дели лиценци за марихуана додека луѓе умираат и да се расфрла со тендери на нему блиски фирми. Доколку му беше важно здравјето на граѓаните немаше денеска во ден кога броиме над 100 жртви да заговара брзи избори, а гледа дека ситуацијата со заразени не стивнува, а смртноста расте“, пишува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, Заев и СДСМ се единствен политички субјект кој сака брзи избори.

„На сите лидери на политички партии поважно им е здравјето на граѓаните, само на Заев неговите милиони и фотелјата“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ