ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ги заштити сите оние кои што кодошеле свои роднини

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ која побара распуштање на Комисијата за лустрација оценува дека опозициската партија прави се што може во Македонија да нема лустрација.

– СДСМ сака да ги заштити сите оние кои што кодошеле свои роднини, пријатели и сограѓани заради различните политички и идеолошки убедувања. СДСМ се става во заштита на луѓето кои што на грбот и маката на сите граѓани на Република Македонија напредувале во својата кариера и имале финансиска корист. Таквите луѓе, нашите луѓе ги нарекуваат со терминот кодоши. СДСМ ги штити токму нив, се вели во реакцијата.

Тоа, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е вредносниот систем на СДСМ. На една страна народот, на друга страна кодошите и СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ повторија дека ќе поднесат тужба до членовите на Комисијата Јанакие Витановски и Благоја Гешковски, кои се на предлог на СДСМ, заради тоа што во целиот свој мандат свесно и во координација со својата партија ја саботирале работата на Комисијата и со тоа неколку години го успорувале целиот процес. Тие имаат право да си поднесат оставка, но пред македонското судство ќе одговараат за директно извршување на политичките ставови на СДСМ кои, за жал, беа спротивни на Законот за лустрација, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела