ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ работи на штета на државата

Од:

Единствената работа со која се занимава СДСМ неколку години наназад е да креира проблеми и политички кризи на штета на сопствената држава, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Радмила Шекеринска од СДСМ.

– СДСМ наместо да се насочи кон креирање на програми, идеи, концепти и проекти или закони во полза на граѓаните, веќе подолго време единствено што работи е свесно, директно и смислено да создава политички проблеми и криза во Република Македонија, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ со своето нерационално однесување свесно и директно им помага на сите оние кои не и мислат добро на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски