ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжуваат со проектот стопати повторена лага да се претвори во вистина

Од:

„СДСМ продолжуваат со проектот стопати повторена лага да се претвори во вистина. Овој проект не им поминува во јавноста и затоа стануваат се понервозни, од проста причина што граѓаните можат јасно да направат разлика помеѓу грижата во здравството, или во економијата, или во инфраструктурата во времето на СДСМ и денес.

СДСМ потроши милијарди евра од буџетот на Република Македонија, а не реализираше ниту еден единствен проект, вклучително и во здравството. Парите на граѓаните тогаш се трошеа за скапи бисери и бисниси со стентови, скапи слики, очила и липицанери. Ниту се реновираа болници во време на СДСМ, ниту се набавуваше нова опрема, ниту се градеа нови здравствени објекти. Резултатот на СДСМ во здравството е нула, а во секој друг сегмент е дебел минус.

Денес состојбата е многу кратно подобрена од тогаш и затоа СДСМ мора со лаги и манипулации да ги покрива своите неуспеси.

Конкретно во Ранковце е обезбедена здравствена заштита со проектот Рурален доктор. Прегледи се вршат три пати неделно (понеделник, среда и петок) од 7 – 15 часот. Тоа значи дека за основните здравствени услуги жителите на Ранковце и околината не мора да патуваат до блиските градови, туку здравствената услуга ја добиваат во своето место на живеење.

Инаку, жителите од Ранковце и околниот регион, за специјалистички здравствени услуги го посетуваат Здравствениот дом во Крива Паланка, кој е комплетно реконструиран, со реновирање на санитарни јазли, замена на фасадна столарија, изработка на термо фасада, изработка на кров и влезна натстрешница и адаптација и уредување на простор за Ургентен центар. Инвестицијата е реализирана со средства на Министерството за здравство, односно Владата на Република Македонија. Вложени се околу 20 милиони денари за поквалитетни и подостапни здравствени услуги за жителите на Крива Паланка, Ранковце и околниот регион.

Дополнително, во Здравствен дом Крива Паланка наскоро ќе се стави во функција и мамограф, а во тек е и постапка за набавка на биохемиски анализатор, со кој значително ќе се унапреди овој сегмент на здравствената заштита, со побрза и поквалитетна изработка на биохемиски анализи.

Со проектот Наш специјалист, во Здравствен дом Крива Паланка редовно во определен термин се вршат специјалистички прегледи од областа на ОРЛ (оториноларингологија), а обезбеден е и логопед. За овие здравствени услуги претходно жителите на Крива Паланка, Ранковце, и помалите населени места, беа приморани да патуваат до Куманово или Скопје, а со тоа да трошат и повеќе време и финансиски средства.

СДСМ следниот пат кога ќе отидат во Ранковце, нека се обидат на граѓаните да им објаснат што тие направиле за оваа општина кога беа на власт, а гледаме дека тоа е истата гарнитура која ветуваше изградба на железничка пруга, која ветуваше вработување на еден член од секое семејство и која ветуваше европско здравство. Сите ветувања на СДСМ завршуваа ккао една голема лага. На локалните избори СДСМ ветуваше брда и долини, а гледаме дека еден единствен конкретен проект нема реализирано нивниот градоначалник таму, иако можел да направи нешто доколку сакал и умеел. Граѓаните и тогаш и сега ги гледаат манипулациите на СДСМ. Затоа граѓаните девет изборни циклуси по ред не им ја дава поддршката на СДСМ. Затоа граѓаните ќе им го испорачаат десетиот јубилеен пораз по рад, како казна за нивната деструктивна политика полна со манипулации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата