ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува во манирот на лошиот математичар Заев

Од:

„СДСМ продолжува да лаже.

Лагите на СДСМ беа поразени на избори. Граѓаните не дозволија да им се случи нов 15-ти септември.

Нивните апсурдни предлози, не се ништо ново туку исти лаги од типот на тие дека ќе вработувале по еден член од секое семејство, кои ги кажуваа во 2002 година.

Истиот овој квази проект аболицираниот криминалец Зоран Заев го верглаше во кампањата, па ветуваше и по 500 евра годишно за секое семејство, што е единствено возможно само ако секое семејство троши најмалку по 2.000 евра месечно. Елитистите од СДСМ очигледно своите математики ги правеле земајќи ги предвид луксузирањата на Вице и Зоран или потрошувачката во семејството на Радмила.

Потценување на граѓани до крајност.

Вкупната потрошувачка на просечно семејство во најголем дел отпаѓа на производи и услуги кои се оданочуваат со 5% ДДВ, вклучително и комуналните услуги и на крајот на годината според оваа логика на СДСМ излегува сума околу 4.000 денари, што е далеку од 500 евра или просечна плата. Ова е крајно лицемерно, освен доколку СДСМ не планирал скришно во својот памфлет наречен програма, просечната плата да ја сведе на 4.000 денари, па евентуалниот поврат да биде еднаков на неа. Дополнително што СДСМ и Заев оваа пракса за повраток од данок на граѓаните можеле да ја спроведат на некој начин и во општина Струмица, а тоа ниту на крај памет не им паднало во изминативе години.

Очигледно дека СДСМ продолжува во манирот на лошиот математичар Заев.

И граѓаните и јавноста знаат дека аболицираниот криминалец Заев не е по враќањето туку по земањето.

И граѓаните и јавноста видоа дека математичките операции на аболицираниот криминалец Заев останале на лекцијата 1+1, евро за Црквата – евро за Вицето“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа