ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со политиките на креирање конфликти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ и повторно апелираше да се смири ситуацијата во Ѓорче Петров.

– Прес-конференцијата на СДСМ и по содржина и по однесување, дава јасна порака дека СДСМ не само што ги злоупотребува овие настани, туку заедно со своите медиуми блиски до нив, се обидуваат да исценираат и инспирираат насилство помеѓу граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата се додава дека СДСМ продолжува со политиките на креирање конфликти и насилство.

– Во минатите денови СДСМ, заедно со своите медиуми, упорно работеа на подигнување на тензиите кај Македонците. Од денес гледаме втора фаза, во која што медиумите на СДСМ продолжуваат да подигнуваат тензии кај припадниците на албанската заедница во Република Македонија. Сакаат да креираат конфликти, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина