ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со нивните манипулации

Од:

„СДСМ продолжува со нивните манипулации по однос на нивниот неуспешен обид меѓу двата круга да ја изманипулираат јавноста и да извлечат поповолен изборен резултат, што беше препознаено од народот и изостана очекуваната реакција од страна на СДСМ.

Зоран Заев, човекот кој беше осомничен за криминал тежок 8 милиони евра и поради што се согласи Бранко Црвенковски да го аболира и спаси од законска казна, за оваа клевета веќе е даден на суд од страна на Никола Груевски.

Секој нареден негов обид е само продолжување со обидите за манипулации на граѓаните,  за што ќе одговара пред суд. Зоран Заев и СДСМ овие чекори ги влечат во ситуација на безидејност како да конкурираат на политичката сцена наспроти ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски