А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со хајката кон своите политички непријатели

by А1он13/02/2016 - 19:1991
Share0

„СДСМ не се огради и извини за недоличниот настап и недоличен однос кон јавноста и медиумите од страна на нивниот лидер Зоран Заев, авторот на цензорските предлози на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

СДСМ продолжува со хајката кон своите политички непријатели, како што ги нарече Заев медиумите кои не се под диктат на Бихаќка. Незамисливо за еден политичар кој сака да биде сфатен сериозно.

СДСМ ги почитува различните мислења само кога не се различни од нивните. Кога се различни од нивните, тоа за СДСМ се мислења на политички непријатели кон кои Заев и СДСМ имаат комуникација од следниот вид: „кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, Латас е српски шпиун, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“

Ова е речникот на Зоран Заев, човекот кој сака да ја добие довербата од граѓаните и да ја води земјата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ова е речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија.

Ваквиот однос кон медиумите како односот на СДСМ го нема никаде во цивилизираниот свет. Ваквите методи на пресметка со медиумите какви што заговараат Заев и СДСМ има само во ИСИЛ и во Северна Кореја.

Затоа Зоран Заев и СДСМ никогаш нема да ја добијат поддршката од народот на кој сакаат нивното сопствено мислење и партиски ставови да му ги наметнат како единствени, а секој кој ќе ги опонира да биде жестоко казнет.

Народот има право на слобода на размислување, слобода на говор и слобода на информирање. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе се бори за интересите на народот на Република Македонија и неговите права и слободи.

Според Заев и СДСМ народот има право на едноумие диктирано од Бихака. Народот кој не мисли како Заев и СДСМ од партискиот врв и медиумските експоненти на СДСМ е наречен „стока“ и „стадо овци“.

Затоа и Заев и СДСМ ќе бидат жестоко казнети на 24-ти април“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он19/06/2026 - 10:5019/06/2026 - 10:38

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски18/06/2026 - 09:0218/06/2026 - 10:23

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

Горан Наумовски17/06/2026 - 11:54

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

Горан Наумовски17/06/2026 - 10:47

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски17/06/2026 - 08:3917/06/2026 - 10:01

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски16/06/2026 - 11:4016/06/2026 - 11:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто