ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да им штети на државните интереси

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ по средбата на раководството на опозициската партија со еврокомесарот Штефан Филе оценува дека „СДСМ продолжува со својата срамна и неодговорна улога свесно штетејќи им на државните интереси“.

– Нивното неприфаќање на изборните резултати е бегство од реалноста, а нивното однесување е свесно одработување за туѓи интереси. Ваквото однесување на СДСМ има порака дека не се виновни тие што немаат понуда, туку народот што не ги гласа и заради тоа тие свесно ја казнуваат земјата и народот со вакво нивно срамно и деструктивно однесување, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина