ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прифати промена на чл.3 од Уставот, кој ја гарантира територијална неделивост и неотуѓивост на државата

Од:

„Зоран Заев и приредува национална катастрофа на Република Македонија. Капитулантскиот договор го менува името, институционалниот идентитет, културата, историјата и Уставот на Република Македонија.

Заев прифатил со капитулантскиот договор промена на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, чл.3 и чл.49 од истиот.

Заев бега од одговори и не кажува што ќе менува во Преамбулата.

Заев бега од одговори и не кажува што ќе менува во чл.3 од Уставот, кој гласи:

– Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општо прифатените меѓународни норми. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави.

Што според договорот кој го потпиша владата на СДСМ треба да се смени во чл.3 кој ја гарантира неотуѓивоста и неделивоста на територијата на Република Македонија?

Заев треба да одговори и што ќе менува во чл. 49, кој ја обврзува државата да се грижи за нашето малцинство во странство. И дали тоа не е откажување од Македонците надвор од Македонија.

Зоран Заев нема одговор на овие прашање, исто како што не може да го негира фактот дека со овој штетен договор се менува институционалниот идентитет, историјата и културата на народот. Токму затоа и бега од дебата и соочување со Христијан Мицкоски. Заев е кукавица и уплашен човек. Заев се плаши од сопствениот народ.

Заев е човек кој треба час поскоро да си замине од политиката. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите истомисленици, кои се против капитулантскиот политики на Заев и СДСМ да дојдат на протестниот марш денес во Штип“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците