ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку сомнителни тендери безмилосно ги цедат граѓаните

Од:

„СДСМ целосно се фрли на крадење.

Граѓаните се во исчекување на животот кој го ветуваше Зоран Заев, но дочекаа само масовен грабеж на државата.

Осиромашување на секој чекор, здравство пред колапс, економијата речиси и да не постои, партизирано судство и администрација се проектите кои ги донесе Зоран Заев и неговите полтрони.

Референдумот кој самите си го распишаа е само параван зад кој ги сокриваат сите криминали.

Шемата како се цицаат парите од буџетот е веќе позната.

Фирми кои се формирани само по една недела добиваат милионски тендери од државните институции под власта на СДСМ.

Примери има многу. Од крвавиот тендер вреден 35 милиони евра до компаниите кои беа наградени со стотици илјади евра од фондот за иновации.

Малку им беше ова па СДСМ си реализираше набавка која преку ЈСП ја добиваат фирми кои се во сопственост на едно исто лице, регистрирани на иста адреса, формирани непосредно пред да го добијат бизнисот.

Ова е начинот на кој што СДСМ расипнички ги троши народните пари.

Тука постои сериозен сомнеж за постоење на криминална шема на СДСМ за испумпување на пари од Буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на директорот на ЈСП поради ваквиот скандал и поништување на извршената набавка.

Исто така аплелираме Основоно јавно обвинителство и сите надлежни институции да почнат сериозна истрага го истражат овој сомнителен тендер вреден стотици илјади евра.

Наместо проекти за подобрување на животот на сите граѓани СДСМ преку сомнителни тендери безмилосно ги цедат граѓаните.

Македонија мора да се врати на вистинската патека. Патека на просперитет, добробит за сите граѓани, здрава економија и социјален систем, а за ова да се случи Зоран Заев и неговата клапа мора да си заминат во политичката историја на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски