ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави Македонија да ја загуби препораката за евроатлантските интеграции

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавта на Петре Шилегов од СДСМ за Одлуката на Уставниот суд оцени дека СДСМ продолжува со својата неодговорна и погубна политика, водена од интересите на неколку луѓе од раководството на партијата.

– Раководството на СДСМ го прави ова политичко сценарио од две причини. Прво, непризнавајќи го поразот, да се задржи на чело на партијата, што веќе и го издејствува, но сега нема лице за чекор назад. Второ, наштетувајќи на државата и на евроатлантските интеграции, придонесуваат Македонија да ја загуби препораката, да создадат лоша клима во Република Македонија и притоа да ја обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека е виновна за тоа. Тоа е деструктивно и штетно сценарио за сите граѓани во земјата, од кое партиска корист се надева да има само раководството на СДСМ, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина