ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потроши милијарди евра, а не направи ни еден километар локален пат

Од:

„СДСМ потроши милијарди евра кога беше на власт, а зад себе не остави ни еден километар локален пат. Впрочем СДСМ парите тогаш ги трошеше на бисери, коњи, уметнички слики, рејбан очила, скапи ручеци или набавки на виски. За да му замачка очи на народот од време на време помпезно ставаше по некоја лопата, како во случајот со патот од Велес до Прилеп преку Бабуна и буквално само на тоа остануваше.

СДСМ нема изградено или реконструирано ниту еден километар локален пат. Тие дури и се потсмеваа со ангажманот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период да гради и да реконструира локални и регионални патишта, кои граѓаните најчесто ги користат.
За тоа кој и колку градел локални патишта граѓаните многу добро знаат. За тоа говорат и фактите кои СДСМ не сакаат да ги видат. Само во изминатите 5 години се изградени 404 локални патишта во вкупна должина од 730 километри и вредност од околу 65 милиони евра. Со истото темпо ќе се продолжи да се работи и во иднина.

Дополнително се изградени и реконструирани околу 520 километри регионални патишта во вредност од околу 98 милиони евра, а во тек е работата на 13 регионални патишта во должина од 165 километри и вредност од околу 48 милиони евра, а планирана е изградбата на уште 11 регионални патишта во должина од 200 километри и вредност од околу 373 милиони евра.
Исто така изградени и реконструирани се 85 километри автопат во вредност од околу 42 милиони евра. Во тек е изградба и реконструкција на 142 километри автопат во вредност од околу 795 милиони евра.

Ова се фактите кои СДСМ може ако сака да ги види доколку излезе од своите зачмаени канцеларии. Граѓаните овие патишта секој ден ги гледаат и ги користат. Тоа ги боли СДСМ. Тие знаат дека мораат да пишуваат соопштенија колку да се изманипулира нешто на ситно, а реалната слика во инфраструктурата е многу поинаква од катастрофата која зад себе ја оставија тие.

Граѓаните ќе им ги покажат и локалните и регионалните патишта на 24 април, кога СДСМ нема да знае кој пат да го фати од срамниот пораз кој по десети јубилеен пат ќе им го испорача народот на избори“, велат од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски