ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажува потполна негрижа за здравјето на граѓаните

Од:

„Граѓаните секојдневно ја плаќаат цената за загадениот воздух, а неспособната СДСМ не превзема ништо за да го реши проблемот. СДСМ покажува потполна негрижа за здравјето на граѓаните кои имаат се поголеми последици по здравјето од отровите кои ги вдишуваат.

Додека во Собрание се дискутира за овој проблем, Шилегов и Макрадули сметаат дека е подобро да си играат играчки на мобилен или да си дремнат, затоа што за нив не е важно здравјето на граѓаните.

Ветуваа итни мерки за почист воздух, а две години не видовме ниту една мерка. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излезе со препораки за подобрување на состојбите.

Болниците се преполни со пациенти кои секојдневно имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи, затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага целосна бесплатна заштита на сите граѓани каде е констатирано дека причината е загадувањето, со особено внимание на децата и хронично болните.

Бидејќи загаденоста е алармантна повеќе од 6 месеци во годината, сметаме дека финансиите кои граѓаните ги издвојуваат за лекување се голем товар за нивните семејни буџети во ситуација кога трошоците за се друго во државава стануваат поголеми.

Како дел од препораките е и редовно чистење на сите диви депонии и инспекциски надзор на локациите каде се пали отпад, а за виновниците да следат казни.

СДСМ и Заев се неспособни да се справат со загадувањето и време е да ја напуштат власта и да остават некој друг да го реши овој проблем. Граѓаните не заслужуваат да се гушат во загадениот воздух и да се завиваат во црно заради губењето на најблиските.

Црнилото кое надвиснало над државата мора да замине. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против оваа ненародна власт да ни се приклучат во протесните маршеви ширум државата и заеднички да и кажеме не на оваа власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“