ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одговара во име на МВР, потврдија дека компанијата за камионски транспорт која доби 1 милион евра и ќе мести соларни панели е блиска до Спасовски

Од:

„МВР на Спасовски дала еден милион евра за водоинсталатерски работи на фирма за камионски транспорт на лице блиско до партијата. Наместо одговори и одговорност од МВР за неразумните прескапи тендери, СДСМ со флоскули го брани скандалот, со што ја потврдува партиската релација во случајот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„МВР и Спасовски да одговорат дали е измислица дека фирмата Дон холдинг ДООЕЛ Скопје добила два тендери вредни еден милион евра, што лесно може да се провери?

МВР и Спасовски да одговорат дали Дон холдинг ДООЕЛ Скопје е фирма регистрирана за водоинсталатерски работи, дали е регистрирана за Соларни Панели, или е регистрирана за товарен транспорт?

МВР и Спасовски да одговорат дали фирмата Дон холдинг ДООЕЛ Скопје, во предизборен период, добива тендер вреден половина милион евра?

МВР и Спасовски да одговорат дали фирмата Дон холдинг ДООЕЛ Скопје, во предизборен период, во септември, добива тендер вреден половина милион евра, по што тендерот е поништен па повторен во јануари со избор на истата фирма, Дон Холдинг ДООЕЛ Скопје?

МВР и Спасовски да одговорат дали Дон холдинг ДООЕЛ Скопје е истата фирма којашто беше вмешана во коруптивен скандал во Општина Ѓорче Петров за набавка на две машини за перење од 25.500 евра?

Без овие одговори и отворање на предмет во ЈО, СДСМ и Спасовски го поттикнуваат впечатокот за приватизирање на МВР во служба на криминалот и корупцијата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он