ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да говори за состојбите во Скопје

Од:

Со писмена реакција, ВМРО ДПМНЕ го критикува СДСМ дека тие биле партијата која што со штетни одлуки го упропастиле Скопје.

„Продолжува хистеричното и некрофилско однесување на поразениот СДСМ. Тие се добро познати како партијата која со своите одлуки ја уништи локалната самоуправа во Македонија, а пред се во Скопје.Поразениот СДСМ е партијата која со серија на штетни одлуки го упропасти Градот Скопје, одземајќи ги сите средства и ингеренции од неговите раце. СДСМ ги приватизираше АД Топлификација, гробиштата во Скопје, зелените пазари во Скопје, градските аптеки.

Поразениот СДСМ нема кредибилитет да говори за состојбите во Скопје, кога сите јавни претпријатија ги доведоа до просјачки стап, со десетици милиони евра во долг, блокирани сметки и механизација стара над 30 години. Поразениот СДСМ е заслужен и за пропаѓањето на ЈСП Скопје кое имаше возен парк на автобуси стари по минимум 25 години. А денес ќе зборува за квалитетот на воздухот, кој во нивно време не го ни мереа.

Поразениот СДСМ нема никаков кредибилитет да зборува за проектите и инфраструктурата направена од еден од најуспешните градоначалници во Македонија, особено кога додека тие беа на власт не заковаа ниту една шајка во градот.Денес Коце Трајановски даде отчет за реализирани капитални проекти, за нови булевари, реконструирани улици, нови атмосферски и фекални канализации, за изградени нови велосипедски патеки, за изградени нови водоводи, за капитални инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Скопје – или со еден збор – проекти кои се мисловна именка за СДСМ.

Поразениот СДСМ ќе остане запаметен по криминални приватизации на јавните претпријатија и градските ресурси, недостатокот на било какви проекти и сомнителни тендери.
Граѓаните добро знаат и паметат кој што направил и тие на 11 декември одлучија СДСМ да биде поразен“ стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери: Тарaвари се интересирал за бизниси, Груби и Заев

Катерина Ѓуровски

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он