ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ниту еден проект за унапредувањето на животната средина

Од:

СДСМ не може да прифати дека оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има најмногу направено од сите влади заедно за унапредување на животната околина. Од 2006 година до сега, во сите општини во Македонија засадени се над 40 милиони нови дрвца, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Пеце Мирчески од СДСМ.

– Во Град Скопје се засадени преку 50.000 нови садници, изградени се нови паркови и подигнати нови зелени површини. Владата на ВМРО-ДПМНЕ набави 313 нови автобуси со високи еколошки стандарди, колку што не се набавени во последните 30 години и со тоа ги замени старите автобуси кои беа без еколошки стандарди. Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради илјадници километри современи сообраќајници, улици и булевари, со кои се зголеми проточноста на сообраќајот и се намали загадувањето од издувните гасови, се вели во соопштението.

При тоа се наведуваат проектите во Град Скопје, како што се изградија булеварите Илинден, Србија, Борис Трајковски, Теодосиј Гологанов, Климент Oхридски, Трета Македонска Бригада и уште голем број други улици. Со увозот на половни возила во Македонија, пак, велат од партијата, се подобри и поднови возниот парк и се заменија  возилата стари по 20-25 години години кои беа без еколошки стандарди.

– СДСМ во своите мандати не направиле ниту еден проект со кој би придонеле во унапредувањето на животната средина и подигањето на еколошките стандарди, а оние кои ги спроведе оваа Влада немаа храброст и доблест ниту да ги поздрават. Ако СДСМ беа навистина загрижени за животната средина во Македонија немаше да ја бојкотираат акцијата Ден на дрвото при која во еден ден во ноември минатата година се засадија над 5 милиони дрва во Македонија. Нивната т.н. грижа е само политичко лицемерие, се со цел да придобијат ситни политички поени, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Морбидни обвинувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

СДСМ: Инфлацијата беснее, животот е сè поскап, а Мицкоски продава шарени економски лаги

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС се обидува да дефокусира од својата внатрешна криза со подметнување на пожари?

СДСМ: Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација

А1он

(ВИДЕО) Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните