ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ништо за сиромашните граѓани

Од:

СДСМ во манирот на лагите од 15-ти септември продолжува да ја замајува јавноста. Тие кога имаа можност да направат нешто за сиромашните граѓани во Македонија не мрднаа со мал прст, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ дека планираат да воведат енергетски ваучери за струја и затоплување.

– Каде беше грижата на СДСМ за цената на струјата и енергенсите во време кога беа на власт и кога со „Бомбона бизнис“ го продадоа Електростопанство на Македонија. Граѓаните не веруваат во лицемерието и лажното душегрижништво на СДСМ, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека таа е партијата која предложи и реализира проект заштита од енергетска сиромаштија. Преку овој проект, кој отпочна во 2010 година, се субвенционира потрошувачката на енергија на секое семејство на корисници на социјална помош. Секое семејство добива неповратни средства како субвенција. Во 2010 таа помош измесуваше 600 денари, во 2012 се зголеми на 700, а од 2015-та субвенциите изнесуваат 800 денари. Дополнително за ранливите категории на граѓани се спроведе отпис на долгови кој изнесуваше околу 2 милијарди денари, укажуваат од партијата.

– Тоа се конкретните мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги вети и ги спроведе со цел да им излезе во пресрет на ранливите категории на граѓани. Затоа граѓаните на последните избори дадоа огромна поддршка од 455 илјади гласови, бидејќи знаат да ја препознаат разликата помеѓу лажната реторика на СДСМ и конкретните дела на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата од ВМР-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина