ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се помири со тоа што не успеа целосно да ја блокира препораката

Од:

СДСМ не може да се помири со тоа што не успеа целосно да ја блокира препораката на Европската комисија која Македонија ја доби седми пат по ред за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

СДСМ не може да се помири со тоа што не успеа да го закочи напредокот на Република Македонија и што повторно според ЕК се исполнети условите за започнување на преговори, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекувано е СДСМ својот гнев да го изразува преку празни и безлични соопштенија со коишто ќе ја манипулира македонската јавност. Ако досега на СДСМ виновни им беа Светската банка, ММФ и кредитните рејтинг агенции, сега им е виновна и Европската комисија којашто ги нотираше успешните економски политики кои ги презема во континуитет владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека СДСМ си го толкува извештајот на Европската комисија како што на нив им одговара, изоставајќи факти и извртувајќи реченици.

„Во извештајот јасно стои дека државниот долг е умерен, а покачувањето кое го бележи од 2008 наваму се должи на крупните инфраструктурни проекти за кои во извештајот стои дека отвараат нови работни места. Значи не се прави споредбата на државниот долг со 2005 година кога СДСМ си отиде од власт, туку со 2008 година. Во 2005 година државниот долг изнесуваше 36,7 отсто, додека денес тој изнесува 36 отсто, значи 0,7 процентни поени помалку од тоа што СДСМ го остави – намалување кое не е за занемарување во време на светска економска и европска должничка криза. Владата на ВМРО-ДПМНЕ до ден денес отплаќа долгови кои СДСМ ги направи. Сега во декември треба да отплатиме 150 милиони евра од еврообврзницата издадена во 2005 година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ зборува против изградбата на патот Штип – Кочани, против гасификацијата – тоа се проекти кои се прават за граѓаните и кои ќе им останат на граѓаните. Прашањата кои СДСМ треба да ги одговори на граѓаните се што направија тие со парите кои ги позајмуваа и каде одеа парите од буџетот кои што СДСМ ги прибираше од даноците на граѓаните и фирмите, имајќи предвид дека зад себе СДСМ нема оставено ниту еден завршен проект“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата