ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не го стави на дневен ред законот за економска помош во четвртокот, за да може да прави театар во скафандери

Од:

„СДСМ не го стави на дневен ред законот за економска помош во четвртокот, за да може да прави театар во скафандери.

Владејачкото мнозинство и Талат Џафери како извршител на Заев избраа да прават театар од обврската која ја имаат, а тоа е гласање на анти кризните мерки“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Снежана Калеска Ванчева од СДСМ.

„Пратениците во скафандери се реално непотребни, и без нив ќе беше изгласана помошта, но на Заев му е важен театарот, затоа компаниите чекаа.

Театарот од вчера скапо ќе ја чини власта. Ќе има кривична одговорност како за пратениците со скафандери, кои болни дојдоа во собрание да шират зараза, но и за сите кои тоа го овозможија.

Само универзумот, глупоста на Зоран Заев немаат крај. Тие се бескрајни“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати