ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги разбира препораките на ЕУ

Од:

Во СДСМ не ги разбираат препораките од Европската унија кои се во насока на континуирано подобрување на стандардите и функционалноста на институциите, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Токму во тој правец се и активностите и на Владата и на Собранието и на сите останати институции. Ако на СДСМ им сметаат активностите на државните институции во насока на исполнување на критериуми и стандарди, тогаш тоа е нивен партиски проблем, а не проблем на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата професионалните стандарди во новинарството и медиумите во Македонија ги руши фондацијата СОРОС, која со години наназад има дадено над 92 милиони евра на ваквите медиуми и новинари да водат дневно партиска агенда.

– Единствена цел на СДСМ и Зоран Заев е да се приграбат до власт без избори и без поддршка од граѓаните, плашејќи се од судот на народот, кој девет изборни циклуси им кажува не на избори, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во СДСМ се нервозни бидејќи во Македонија се спроведуваат препораките на ЕУ и што процесите одат напред, а СДСМ се од страна и, како што велат „се занимаваат единствено со нанесување на штета врз угледот на Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус