ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо отворање затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе

Од:

СДСМ зборува за отворање на мали фирми и отвoрање нови работни места, а своевремено затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе. СДСМ зборува за субвенции, а не даде ниту денар кога имаше прилика за тоа. Како што ветува денес, ветуваше и на фамозниот 15-ти септември дека ќе вработи по еден од секое семејство, за потоа да престане да се сеќава на ова свое капитално неостварено ветување и ден денес да го носи срамот од оваа лага, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на СДСМ.

Додава дека наместо празни ветувања, ВМРО-ДПМНЕ има да понуди конкретни дела и тоа во секој сектор.

– Реализирани се 133.000 нови вработувања. Стапката на невработеност од 38% во времето на СДСМ е сведена на помалку од 27%, со постојана посветена работа да ја намалиме уште повеќе. Даночната стапка во Република Македонија е најниска во светот со ефективна стапка од 7,4%. За микро и малите фирми од 2011 година даночната стапка изнесува 0%. ДДВ-то е намалено од 18 на 5 % за преку 15 видови на производи кои што секојдневно граѓаните ги користат. Царинските стапки се меѓу најниските во регионот. Пондерираната царинска стапка е 1,75 % и е за 50 % пониска во однос на 2006 година., наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Во неа додава дека пристапот до финансиски средства на малите и средни претпријатија е најголемиот проблем кој го имаат малите и средни компании и затоа за нив е обезбедена кредитна линија од Европската инвестициска банка уште на почетокот на кризата во износ од 350 милиони евра од кои 319 милиони евра се веќе искористени.

Ја напоменуваат мерката „Отпис на камати“ што голем број на фирми ја искористија, олабавувањето на казнената политика, проектот „Македонија вработува“, работењето на малите и средните претпријатија кои работат на разни градежни инфраструктурни проекти, едноставните процедури во работењето на малиот бизнис, формирањето на Фондот за иновации, мерката „Консултација со странски експерти“, како и решавањето на имотно-правните проблеми преку посета на Управат за имотно правни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски