ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на страна на напаѓачите на докторите

Од:

За СДСМ е поважна хајката врз министерот за здравство Никола Тодоров отколку осуда на сторителите на вчерашниот напад на скопските клиники, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на опозициската СДСМ за последните случувања.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „срамно и лицемерно е тоа што опозициската партија и покрај фактите продолжува да стои на страна на осомничените и не го осудува криминалниот акт кој што тие го извршија“.

Осомничените за нападот врз докторите, наведува ВМРО-ДПМНЕ, денеска беа изведени пред надлежен судија на претходна постапка во Основниот Суд Скопје 1 – Скопје и добија пет кривични пријави. Се товарат за убиство во обид, нелегално поседување оружје, соучесништво, напад врз службено лице и предизвикување општа опасност.

– Судија на претходна постапка, откако ги ценеше фактите и приложените докази, им определи мерка притвор во времетраење од триесет дена. Ова се фактите. СДСМ и покрај фактите продолжува да стои на страна на осомничените и не го осудува криминалниот акт кој што тие го извршија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус