ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Манчевски ја дефокусираат јавноста од партизацијата на администрацијата, која забрзано ја спроведуваат

Од:

„СДСМ и Манчевски ја дефокусираат јавноста од партизацијата на администрацијата, која забрзано ја спроведуваат.

За која професионализација на администрацијата зборува Манчевски, кога во првиот месец од доаѓањето на власт во владата ги вработија истакнатите кадри на СДСМ и таканаречената шарена револуција, како Бојан Маричиќ, Марјан Забрчанец, Влатко Васиљ, Никола Наумовски, Бубо Каров и плејада на други активисти.

Манчевски нема кредибилитет да зборува за реформи во администрацијата. Манчевски пред нецела седмица јавно призна дека спроведува партизација во администрацијата. Манчевски отворено кажа дека сите затекнати договори за привремено вработување биле прекинати, но и дека сега власта распишува нови.

Стратегијата на СДСМ е партизирање на администрацијата преку договори за привремено вработување без јавен оглас, кои за 3 месеци се трансформираат во договори на неопределено време.

СДСМ од доаѓањето на власт до сега има распишано неколку милионски огласи за привремени вработувања. 20 милиони денари се потрошени само за привремени вработувања во Владата, СОЗР, Бирото за јавни набавки и Собранието.

Секојдневие станаа договорите за привремени вработувања на локално ниво. Безборојни се примерите во општините Демир Капија, Велес, Ново Село, Берово и други.

Ова е билансот од 9 месечното владеење на СДСМ, целосна партизација и нула професионалност.

СДСМ ветуваше администрација која ќе биде во служба на граѓаните, сега создаваат партизирана администрација“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот Манчевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела