А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже, нето задолжувањето од почетокот на годината се приближува на нула

by А1он30/07/2016 - 15:12391
Share0

Фабриката за афери, лаги и манипулации на СДСМ продолжува да ја вергла истата плоча со невистини. Соочени со својот катастрофален рејтин очајно се обидуваат да привлечат внимание со пласирање на неаргуменирани и неточни соопштенија. Впрочем и во минатото јавноста од СДСМ се изнаслуша паушални прогнози и невистини за банкрот, грчко сценарио, девалвација кои на крајот излегоа дека се големи лаги, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Ниту една лага од СДСМ не може да го покрие фактот дека нето задолжувањето на домашниот пазар од почетокот на годината се приближува на нула.

Исто така СДСМ не може да го оспори фактот дека издавањето на еврообврзницата е финансиски метод на работа на секоја европска земја, а во Македонија е воведен токму од страна на владата на СДСМ во 2004 година, истата влада тогаш ги потроши парите, ништо не изгради, а денес тој залуден заем на СДСМ се враќа.

Уште еден факт е дека Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа, а сите средства кои се позајмуваат од финансискиот пазар се релоцираат во капитални инвестиции, патишта, болници, училишта, отворање на нови работни места и слично, кои се реални видливи за целиот народ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Очигледно СДСМ решиле да се однесуваат како финансиско-терористичка банда која по секоја цена се обидува да и наштети на сопствената држава и на сопствениот народ. Токму со нивното неодговорно однесување предизвикаа штета во однос на разликата на каматата која Македонија ќе ја чини 25 милиони евра. Овие 25 милиони евра кои дополнително ја чинеа државата како резултат на срамното однесување на СДСМ, државата наместо да ги искористи да изгради нови локални патишта, градинки, амбуланти, да овозможи нови работни места, да реконструира или опреми болници, ќе мора да ги потроши за да ја исплати штетата која ја предизвика СДСМ со своето антидржавно однесување.

Народот тоа многу добро го знае и заради тоа ќе го казни СДСМ и нивниот лидер, аболицираниот криминалец Зоран Заев. СДСМ само нека се охрабри и нека излезе на избори, народот јасно ќе им покаже што мисли за нивните деструктивни политики и манипулации на директна штета на државата“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

sdsmvmro-dpmnezadolzuvanje

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он08/10/2026 - 12:5808/10/2026 - 13:01

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Катерина Ѓуровски06/10/2026 - 12:39

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он05/10/2026 - 13:37

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он05/10/2026 - 11:41

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 12:50

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 10:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео