ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека со законот за наставници ќе покачува плати, туку прави брутална партизација на образованието

Од:

„Хаосот кој го зафаќа образованието станува непоправлив. Македонското образование е во континуирана стагнација, а причините се неодговорното работење на власта. СДСМ е во обид да протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието.

Ако навистина СДСМ и владејачкото мнозинство се грижеа за платите на образовниот кадар, ќе го прифатеа поднесениот амандман на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација во образованието. На државата и е потребен професионален, а не партиски образовен кадар.

Неквалитетни решенија заради партиски амбиции во образовниот систем нема да има.

Власта единствено мисли за лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче